Путин: Во Украина би можел да се случи масакр како во Сребреница

Претседателот на Русија Владимир Путин предупреди на можното сценарио доколку украинските трупи ја преземат контролата врз границата со бунтовниците на истокот на земјата.

Ако украинската војска ја преземе контролата врз границата меѓу Русија и источниот дел од земјата под контрола на проруските бунтовници, може да дојде до масакр сличен на оној во Сребреница кој се случи за време на конфликтите на Балканот, кажа Путин, а пренесува Раша тудеј.

Предупредувањето на рускиот претседател доаѓа еден ден по првата средба со украинскиот колега Володимир Зеленски во Париз.

Помирувањето меѓу украинската влада и силите на самопрогласените Доњецка и Луганска Република, кои граничат со Русија, беше главната точка на дневниот ред.

Планот за мирот според Минските договори вклучува уставна реформа, амнестија на бунтовниците и избор на пратеници за украинскиот парламент кои ќе ги претставуваат жителите на одметнатите регони.

Конечниот чекор би требало да биде преземање на контролата врз границата од страна на украинските трупи.

Киев се согласи на овој план, но истакна дека прво мора да дојде до преземањето на границата.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе