Во сенка на војната во Украина

Путин во Иран на самитот за Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот пристигна во Техеран на разговори за сириската војна на тристран самит засенет од последиците од војната на неговата земја против Украина.

Фото: ЕПА

Путин патува во странство само вторпат откако нареди инвазија на Украина, за да присуствува на собирот на кој учествува и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Самитот доаѓа неколку дена откако американскиот претседател Џо Бајден го посети Блискиот Исток за прв пат во своето претседателствување, а попат застана во регионалните непријатели на Иран, Израел и Саудиска Арабија.

Тоа е прв самит чиј домаќин е иранскиот ултраконзервативен претседател Ебрахим Раиси откако ја презеде функцијата минатата година и наводно има цел да му се стави крај на повеќе од 11-годишниот конфликт во Сирија.

Сите тројца се вклучени во конфликтот, при што Иран и Русија го поддржуваат сирискиот претседател Башар ал Асад, а Турција ги поддржува бунтовничките сили.

Пред трилатералниот состанок, иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хаменеи се сретна со Ердоган, кој постојано се закануваше дека ќе започне нова воена офанзива против курдските милитанти во северна Сирија.

Хаменеи го предупреди турскиот лидер дека таквиот потег ќе биде „штетен“ за регионот и повика прашањето да се реши преку дијалог меѓу Анкара, Дамаск, Москва и Техеран.

Ердоган, говорејќи подоцна на заедничката прес-конференција со својот ирански колега, рече дека курдските милиции предизвикале „големи проблеми“ и за Иран и за Турција.

„Треба да се бориме против овие терористички организации солидарно и во сојуз“, додаде тој.

Претседателите, исто така, го надгледуваа потпишувањето на голем број договори во различни области, вклучително и во трговијата и економијата.

Украинското жито

Ердоган со месеци нудеше да се сретне со Путин во обид да помогне во решавањето на зголемените глобални тензии.

„Тајмингот на овој самит не е случајност“, рече рускиот аналитичар Владимир Сотников.

„Турција сака да спроведе ‘специјална операција’ во Сирија исто како што Русија спроведува ‘специјална операција’ во Украина“.

Турција почна серија напади врз Сирија од 2016 година, врз курдските милиции, како и врз џихадистите на групата Исламска држава и лојалистите на Асад.

Путин и Ердоган ќе разговараат за механизмите за извоз на житото од Украина, изјави извор од Кремљ.

Војната на Русија против Украина масовно ги попречи испораките од еден од најголемите светски извозници на пченица и друго жито, предизвикувајќи стравувања од глобален недостиг од храна.

Турција - членка на НАТО што е во пријателски односи и со Русија и со Украина - ги предводеше напорите за обновување на испораката на жито.

На крај, Ердоган се надева дека ќе добие „зелено светло“ од Путин и Раиси за воената операција на Турција во Сирија, рече Синан Улген од Карнеги Европа.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, во понеделникот предупреди дека руската блокада на украинските пристаништа е закана за снабдувањето на безброј илјади ранливи на глад.

Борел ова прашање го нарече „прашање на живот и смрт за многу човечки суштества“.

„Иранофобија“

Во неделата, еден ден откако Бајден ја заврши турнејата на Блискиот Исток, Иран ги обвини Соединетите Држави дека предизвикуваат кризи во регионот.

Бајден вети дека САД нема да „толерираат напори на која било земја да доминира со друга во регионот преку воени засилувања, упади и/или закани“, во врска со Иран.

Во говорот на саудискиот самит на арапските земји од Персискиот Залив, како и Египет, Јордан и Ирак, Бајден ги увери собраните дека САД ќе останат целосно ангажирани на Блискиот Исток.

„Нема да заминеме и да оставиме вакуум што треба да го пополнат Кина, Русија или Иран“, рече тој.

По состанокот, во заедничката изјава лидерите се обврзаа да ја „зачуваат регионалната безбедност и стабилност“.

Беа нагласени и дипломатските напори да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје, цел што исламската република отсекогаш негираше дека ја бара.

Во неделата, Иран ги обвини САД дека „уште еднаш прибегнаа кон неуспешната политика на иранофобија, обидувајќи се да создадат тензии и кризи во регионот“.

Соединетите Држави минатата недела обвинија дека Иран планира да ѝ испорача „стотици беспилотни летала“ на Русија за да ѝ помогне во нејзината војна против Украина, обвинение што Исламската Република го отфрли како „неосновано“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе