Путин во Белград во чекор го прати телохранител со „чегет“, рускиот нуклеарен куфер (ВИДЕО)

Претседателот на Русија Владимир Путин при посетата на Белград во чекор го следи телохранител со црна актовка во рака, позната како „чегет“.

Тој не се одвојува од рускиот претседател, а причината за тоа е што во чантата се наоѓаат контролите за руското нуклеарно вооружување.

Името „чегет“ чантата го добила по планинскиот врв на Кавказот, а во превод значи „црн“. Во употреба влезе во осумдесеттите години.

Станува збор за систем на контрола со специјален аудио-видео комуникациски систем „Кавказ“, а чија задача е да ја одржува врската меѓу шефот на руската држава и штабот во случај на разгледување на употреба на нуклеарно оружје.

„Чегет“ е поврзан со системот „казбек“ (исто така наречен по кавкаски врв), кој ѝ служи на врховната команда за надзор на стратегиските нуклеарни сили.

Пристап до „чегет“ има само претседателот на Русија, иако неофицијално се тврди дека пристап имаат и рускиот министер за одбрана и началникот на генералштабот на руската војска.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе