Во интервју за Оливер Стоун

Путин: Верувам дека Русите и Украинците се еден народ, една нација

Претседателот на Русија Владимир Путин во интервју за американскиот режисер Оливер Стоун кажа дека верува дека Русите и Украинците сочинуваат една нација и дека тие две држави треба да најдат начин да се интегрираат.

Материјалот од тоа интервју Стоун го искористил за документарец за Украина, а Кремљ вчера го објави целиот транскрипт.

„Верувам дека Русите и Украинците се еден народ, една нација всушност. Кога овие земји кои сега се јадрото на Украина ѝ се придружиле на Русија, сите себеси се сметале за Руси“, кажа Путин во интервјуто.

Тој додаде дека и едните и другите би требало да ја искористат својата „конкурентска предност во некој облик на интеграција“.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе