Путин веќе одлучи кој ќе биде нов премиер на Русија (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин за нов премиер го назначи Михаил Мишустин, малку познатиот шеф на руската даночна администрација, објави Кремљ.

Путин го испрати именувањето до парламентот, откако Мишустин се согласи да ја преземе должноста, се вели во соопштението.

Владата на премиерот Дмитриј Медведев денес ненадејно поднесе оставка, откако Путин предложи обемни уставни измени што може да му овозможат да ја задржи власта.

Во денешниот говор за состојбата на нацијата, Путин предложи референдум за уставни измени со кои дел од овластувањата на претседателот ќе се пренесат на парламентот и премиерот, потег што многумина го протолкуваа како маневар што ќе му овозможи да остане на власт откако ќе истече сегашниот и последен претседателски мандат.

Во моментов Путин е на својот четврти мандат - првиот и вториот од 2000 до 2008 година и третиот и четвртиот од 2012 до 2024 година, бидејќи мандатот е продолжен на шест години.

„Владимир Владимирович Путин во својот говор изнесе важни приоритети и предложи голем број фундаментални промени во Уставот на Руската Федерација“, рече Медведев за време на состанокот на владата со Путин.

Овие измени, продолжи премиерот, ќе внесат значителни промени во извршната власт, законодавната власт, судството.

„Во овој контекст, јасно е дека ние како влада сме должни да му овозможиме на претседателот да ги донесе сите потребни одлуки за тоа“, рече премиерот Медведев.

„И мислам дека би било во ред... владата на Руската Федерација во сегашниот состав да си поднесе оставка“, изјави тој.

Во модерната руска историја, Медведев е премиер со најдолг стаж, на должност е вкупно седум години и осум месеци.

Меѓу можните кандидати за негов наследник се спомнуваат градоначалникот на Москва Сергеј Собјаин, министерот за економија Максим Орескин и министерот за енергетика Александар Новак.

Медведев ја најави својата оставка на државната телевизија, седејќи покрај Путин, кој му се заблагодари на долгогодишната работа.

Актуелниот премиер во иднина ќе биде заменик претседател на Рускиот совет за безбедност, тело на чие чело е Путин.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе