„Ги почитуваме правните норми“

Путин: Вашингтон не треба да се грижи за руската милитаризација на Арктикот

Рускиот претседател Владимир Путин даде уверување вчера дека САД не треба да се грижат за руската милитаризација на Арктикот, стратегиската област кон која Русија не ги крие своите амбиции.

EPA-EFE

„Американската загриженост за милитаризацијата нема никаква основа“, им кажа Путин на новинарите по средбата со американскиот претседател Џо Бајден во Женева, и додаде дека е уверен дека двете страни треба да соработуваат во таа област.

Путин и Бајден го одржаа вчера својот прв состанок во Женева во обид да ги смират силните тензии меѓу двете земји. Путин кажа дека состанокот бил „конструктивен“.

Рускиот претседател истакна дека Русија не направила ништо ново во регионот на Арктикот туку дека само ја обновува уништената инфраструктура по распадот на СССР.

Путин го одреди регионот на Арктикот како стратегиски приоритет и нареди големи инвестиции во воената инфраструктура и вадењето руда, што доведе до раст на тензиите со другите земји во регионот.

Тој денес даде уверување дека Русија планира целосно да ги почитува меѓународните правни норми на Арктикот.

Климатските промени направија Арктикот да стане попристапен, и се засили конкуренцијата за природните ресурси во тој регион и за неговите поморски патишта, особено меѓу САД и Русија, но и Кина.

Москва го зајакна своето воено присуство и повторно отвори и модернизираше повеќе бази напуштени од советската ера и го распореди својот ракетен противвоздушен систем С-400.

Русија е заинтересирана за користење на североисточната поморска рута која оди покрај северот на земјата и е попристапна откако се намалуваат периодите кога тој регион е целосно блокиран со мраз.

„Спремни сме да им помогнеме на сите компании во развојот на северната поморска рута“, кажа Путин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе