Путин: Вакцинирајте се, руската вакцина е најсигурна и најбезбедна

Рускиот претседател Владимир Путин повторно ги повика своите сонародници да се вакцинираат против ковид-19 во време кога вакцинацијата на населението сериозно доцни поради сомнежите што луѓето ги имаат во однос на тоа.

Фото: ЕПА

„Уште еднаш инсистирам и ги поканувам сите наши сонародници, размислете добро. Имајте на ум дека руската вакцина е најсигурна и најбезбедна денес“, рече Путин на владиниот состанок пренесуван на телевизија.

Тој ја повтори својата цел да се постигне „колективен имунитет“ до есен во рамки на руското население, но ја отфрли идејата вакцинацијата да биде задолжителна.

„Според мене, воведувањето задолжителна вакцинација не е паметно и не треба да се направи. Граѓаните треба сами да ја увидат оваа неопходност“, рече Путин.

Путин, кој исто така се вакцинираше, но без камери, во последните неколку недели во неколку наврати ги повикуваше Русите да го следат неговиот пример.

Скоро насекаде во Русија, процесот на вакцинација против ковид-19 бавно напредува, а досега се вакцинирани 27,5 милиони луѓе, според интернет порталот Гогов, кој во недостаток од дневни национални податоци собира податоци од мноштво официјални и медиумски извори, за да одреди до каде стигнала земјата со повеќе од 146 милиони жители.

Според истражувањето спроведено од институтот Левада во април, 62 проценти од испитаниците изјавиле дека немаат намера да се вакцинираат, поради сомнежите кон властите и сè помалиот страв од ковид-19.

Сепак, Русија е една од земјите кои се најтешко погодени од пандемијата. Според агенцијата за статистика Ростат, околу 250.000 луѓе починале од последиците на корона вирусот до крајот на март, што е двојно повеќе од билансот што го дава владата.

Според официјалните податоци објавени денес, во Русија се регистрирани пет милиони случаи на зараза и вкупно 119.600 смртни случаи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе