Путин утре ќе го посети Крим, црноморскиот остров кој Русија го припои пред пет години

Рускиот претседател Владимир Путин утре на Крим ќе учествува во одбележувањето на петтата годишнина на руската анексија на полуостровот, потегот кој го осудија и Украина и голем дел од меѓународната заедница, но го поздравија повеќето Руси, соопшти денес официјален Кремљ.

„Претседателот Владимир Путин на 18 март ќе ги посети Крим и Севастопол“, пристаништето во кое се наоѓа базата на руската Црноморска флота, објави Кремљ.

Путин ќе учествува на свеченоста на пуштање во погон на електроцентрала на Крим, а потоа ќе се сретне со претставници на месните здруженија и ќе присуствува на свечености посветени на „петтата годишнина на припојувањето на Крим на Русија“, се истакнува во соопштението.

Со украинската независност во 1991 година, во Севастопол беше задржана базата на руската Црноморска флота, врз основа на договори од 1997 и 2010 година. во март 2014, за време на политичката криза во Украина и случувањата на Крим, локалните власти спроведоа референдум за приклучување на Севаастопол на Руската Федерација.

Припојувањето на Крим на Русија предизвика големи контроверзи и го осудија голем број лидери, а и НАТО. Потегот сѐ уште се опишува како незаконска руска анексија на украинска територија и со него е прекршен Будимпештанскиот меморандум од 1994 година за суверенитетот и територијалниот интегритет.

Замјите од групата Г8 (индустриски најразвиените земји во светот) тогаш ја исфрлија Русија од групата, а во 2014 против Русија беа воведени меѓународни санкции.

За првпат во европската историја по Втората светска војна граници на суверени држави беа изменети со еднострана акција на припојување на територија на една држава.

Русија се противи на терминот „анексија“, а Путин од почетокот го брани референдумот со објаснување дека е одржан во согласност со меѓународното право.

Русите ги поддржуваат тврдењата на Кремљ кој тврди дека жителите на Крим доброволно на референдум гласале за приклучување кон Русија и дека претседателот Путин едноставно ја исполнил нивната желба.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе