Путин: Уште земји би можеле да ја напуштат ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не е исклучено и некои источноевропски земји да размислуваат за излегување од Европската Унија во следните неколку години.

Путин ова им го кажа на учесниците на инвестицискиот форум „Русија повикува“ и потсети дека несогласувањето во ЕУ почна поради системот на распределба на фондовите, кој предвидува значителна поддршка во износ од неколку десетици милијарди евра да им се дава „на земјите што сѐ уште не достигнале значително ниво на економски развој“, пренесува ТАСС.

„Некаде околу 2028 година одделни источноевропски земји ќе достигнат такво ниво на економски развој поради што ќе мора да почнат да плаќаат. Не сум сигурен дека до тогаш нема да го следата размислувањето на Британија (за напуштање на ЕУ)“, истакна Путин.

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе