Путин: Уште во 2001 знаев за севернокорејската атомска бомба, тоа ми го кажа пријателот Ким Јонг Ил

Рускиот претседател Владимир Путин изјави вчера дека за постоењето на атомската бомба на Северна Кореја уште во 2001 лично му кажал тогашниот севернокорејски лидер Ким Јонг Ил.

Путин кажа дека во 2001 на враќањето од Јапонија ја посетил Северна Кореја каде се сретнал со таткото на сегашниот лидер и дека Ким Јонг Ил му кажал дека Пјонгјанг има атомска бомба.

„Кога беше тоа? Во 2001! Сега е 2017, земјата живееше под постојани санкции и наместо нуклеарна бомба сега имаат хидрогенска бомба“, кажа Путин.

Рускиот претседател кажа дека една недела по неговата посета било „решено да се блокираат сметките на севернокорејските банки, бидејќи некој проценил дека обврските што Северна Кореја ги презела не се доволни“, по што Пјонгјанг, како што кажа „веднаш се повлече од сите договори и почна со развојот на нуклеарната програма“.

Путин кажа дека верува дека нема право да суди за политиката на претседателот на САД Доналд Трамп кон Северна Кореја, но додаде дека „сите страни би требало да ја смират непријателската реторика“ и дека треба да се најдат начини за директен дијалог меѓу САД и Северна Кореја и меѓу Пјонгјанг и земјите од тој регион“.

Тој истакна дека оние кои комуницираат со Пјонгјанг од позиција на сила „го зацврстуваат севернокорејскиот режим“.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе