Путин тврди дека САД може да распоредат нови проектили во Европа

Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека САД се во можност да распоредат нови крстосувачки проектили на копно во Романија и Полска, што е сценариото кое Путин го смета за закана на која Москва ќе мора да одговори.

Пентагон кажа дека тестирал конвенционални крстосувачки проектили со дострел од 500 километри, што е прво вакво тестирање од пропаѓањето на важниот нуклеарен договор ИНФ месецов.

Тестирањето следеше по американското повлекување од Договорот за елиминација на нуклеарните проектили со краток и среден дострел (ИНФ) на 2 август, склучен за време на Втората светска војна, а откако Вашингтон без докази ја обвини Москва за крешење на одредби од договорот, што Кремљ го негира.

Путин, за време на посетата на Хелсинки, кажа дека Вашингтон би можел да ги употребо постоечките системи во Романија и Полска за лансирање на новите проектили, што значи дека лесно може да ги распореди, ако сака.

„Лансирањата на овој проектил можат да бидат извршени со постоечките системи, веќе сместени во Романија и Полска. Сѐ што треба да направите е да го смените софтверот. Јас мислам дека нашите американски партнери нема да ја информираат ни Европската Унија за тоа. Тоа подразбира нови закани за нас и ние на нив мораме да одговориме“, кажа Путин.

Таквото тестирање, според ИМФ, беше забрането, бидејќи договорот забрануваше конвенционални крстосувачки проектили со дострел од 499 до 5.472 километри, намалувајќи ја со тоа способноста на двете земји да нападнат со нуклеарно оружје во краток рок.

САД кажаа дека во моментот немаат планови за распоредување нови конвенционални проектили во Европа.

Путин им се обрати на новинарите по разговорот со финскиот претседател Саули Нинисто.

Рускиот претседател ја искористи заедничката конференција за медуумите за одбрана на реакцијата на властите на низата политички протести во Москва и да ја увери јавноста дека несреќата на воениот полигон за тестирање на северот на Русија не ги загрозила соседните земји или луѓето кои живеат во тој регион.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе