Путин: Тоа што го прави Западот е глупаво, не ги научиле лекциите од историјата

Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече „залудни“ обидите да се исфрли руската култура и самата Русија. „Тоа е едноставно глупаво. А оние што мислат поинаку, за нивна жал, не ги научиле лекциите од историјата“, додаде Путин на фестивалот Таврида.АРТ на Крим.

Фото: ЕПА

Путин истакна дека годинава „во фестивалскиот тим има и луѓе од ослободените територии - од Доњецката и Луганската народна република“. „Денес сте заедно, подготвени да ги здружите напорите за постигнување заеднички цели, а тоа значи дека знаете дека мора да бидете заедно за да бидете силни. Целата богата илјадагодишна историја на Русија нè учи на тоа“, рече тој.

„Знаеме дека сите тешкотии и искушенија се време на нови можности и често зборуваме за тоа. Време е да бидете храбри, тоа е вистината, а вие сте токму такви“, рече Путин.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе