Путин: Странските војски мора да заминат од Сирија, и Русија е спремна да се повлече (ВИДЕО)

Странските воени сили мора да ја напуштат Сирија, изјави рускиот претседател Владимир Путин истакнувајќи дека Москва е спремна да ги повлече своите војници ако идните власти во Дамаск така одлучат, пренесуваат руските агенции.

„Сите кои нелегитимно се наоѓаат на територијата на која било држава, во овој случај Сирија, мора да ја напуштат таа територија. Тоа се однесува на сите држави“, кажа Путин во интервју за телевизиите Раша тудеј, Скај њуз Арабија и Ал Арабија.

Тој истакна дека „ако идните легитимни сириски власти кажат дека повеќе не им е потребно присуството на руските оружени сили, тогаш тоа нормално ќе се однесува и на Руската Федерација“.

„Ние за тоа прашањето апсолутно отворено разговараме со сите наши партнери, и со иранските и со турските партнери. Повеќе пати разговаравме за тоа и со нашите американски партнери. Јас исто така отворено им кажав на своите колеги – територијата на Сирија мора да биде ослободена од странско воено присуство и мора целосно да се воспостави територијалниот интегритет на Сирија“, истакна рускиот лидер.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе