Без да ги именува кои

Путин: Странски сили стојат зад нападот со дронови на руските бази

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска ги обвини странските силите без да ги именува кои, дека стојат зад нападот со беспилотни летала на двете руски воени бази во Сирија, наведувајќи дека овие дронови, иако изгледаат примитивно, имаат висока технологија за прецизна сателитска навигација.

Путин на состанокот со уредниците на руските весници што се емитуваше во живо, рече дека целта на нападот на руските бази од саботата е да се осуети договорот на Русија, Турција и Иран за формирање зони на деескалација во Сирија, наведе АП.

Во нападот на воздухопловната база Хмејмим во провинцијата Латакија и на поморската база во пристаништето Тартус во саботата учествувале 13 беспилотни летала, од кои седум се соборени, а шест се принудени да слетаат, во понеделникот соопшти руското Министерство за одбрана. Од тие шест летала, три експлодираа кога удрија на земја, а три се запленети неоштетени.

Путин денеска рече дека Москва знае кој ја помогнал изведбата на нападот врз двете руски бази, но не именуваше ниту една земја, туку само рече дека не е Турција.

Тој додаде дека со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговарал за нападот и изрази уверување дека турското раководство нема никаква врска со тоа.

„Имаше провокатори, но не беа Турците. Знаеме кои се и колку пари дадоа за таа провокација“, рече Путин.

Руското Министерство за одбрана денеска ги претстави двете беспилотни летала запленети за време на нападот од саботата и соопшти дека знаењето потребно за тој напад укажува дека е спроведен со помош од странство. Министерството изјави дека беспилотните летала се со примитивен изглед, но дека нивната технологија овозможува прецизни напади.

Раководителот на секторот за беспилотни летала на руското Министерство за одбрана Александар Новиков рече дека беспилотните летала што беа користени во нападот во саботата се разликуваат од едноставните летала што претходно ги користеле бунтовниците во Сирија.

Новиков рече дека нападот во саботата подразбирал систем за сателитска навигација недостапна на интернет, како и учество на експерти, „специјално обучени во земји кои произведуваат и користат дронови“.

Како ни Путин ниту Новиков не обвинија некоја конкретна земја, но неговото министерство претходно укажа на „чудна случајност“, во која се наведува дека американски шпионски авион за време на нападот во саботата летал во близина на руските бази на Медитеранот.

Пентагон остро отфрли било каква вмешаност.

Нападот на руската база ги зголеми тензиите меѓу Русија и Турција, која има значително влијание врз некои од бунтовничките групи во сириската провинција Идлиб, која стана главна точка на конфликт помеѓу различните бунтовнички фракции бидејќи силите на сириската влада заземаа голем дел од територијата благодарение на поддршката на Русија.

Москва, која силно го поддржува сирискиот претседател Башар ал-Асад и Анкара која им помага на неговите ривали, постигнаа договор минатата година за формирање на зони на деескалација во Сирија. Овој договор придонесе за намалување на борбата и подобрување на односите меѓу Русија и Турција. Дел од тој договор е и Иран, кој исто така го поддржува Асад.

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе

Мухамед Али Џина ѝ приговараше на соседната земја зошто се нарекува себеси Индија, а не Хиндустан.

повеќе

Откочувањето на политичките кризи со помош на форматот на лидерските средби не е најдобриот начин, но засега е најуспешниот за излез од повремената политичка кратковидост.

повеќе