„Без оглед на резултатот на изборите“

Путин: Спремни сме да работиме со кој било американски претседател

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата земја е спремна да работи со кој било американски претседател без оглед на тоа кој ќе победи на изборите следната недела.

EPA-EFE

„Ги анализираме сите случувања (околу претстојните американски претседателски избори на 3 ноември). Ќе ја прифатиме секоја одлука на американскиот народ и ќе соработуваме со која било администрација. Се надевам дека одлуката ќе биде добро размислена“, кажа Путин на економскиот форум Русија повикува.

Рускиот претседател одби подетално да зборува за американските избори наведувајќи дека секоја изјава од Русија „би можела да биде протолкувана како мешање во изборниот процес во САД“.

Американските разузнавачки агенции заклучија дека Москва се мешала во американските претседателски избори во 2016 година со цел да му помогне на Доналд Трамп, вклучувајќи и хакирање на кампањата на неговата соперничка Хилари Клинтон.

Моксва ги отфрли тие обвинувања.

Во септември се појавија нови предупредувања поради руските хакери насочени на изборите во 2020 година, вклучувајќи обвинение против Русин дека крадел идентитети на Американци како дел од мешањето во изборите и изрекувањето санкции против руски политичар поради ширење дезинформации.

Русија повторно негираше дека на кој било начин се меша во актуелната кампања.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе