„Како што знаете, денеска претседателот на Украина Зеленски ја објави својата подготвеност да разговара за неутралниот статус на Украина. Првично, рускиот претседател Владимир Путин рече дека целта на операцијата е да им помогне на ЛПР и ДПР, меѓу другото и преку демилитаризација и денацификација на Украина. И ова, всушност, е составен дел на неутралниот статус“, рече Песков, пренесе руската новинска агенција Интерфакс.
„Во овој контекст, како одговор на предлогот на Зеленски, Владимир Путин е спремен да испрати руска делегација во Минск на ниво на претставници на Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и претседателската администрација за преговори со украинската делегација“, изјави претседателскиот прес-секретар.
Претходно денеска Зеленски го повика Путин да седнат на преговарачка маса за да се прекинат непријателствата во Украина.