Путин: Социјалните мрежи ги поттикнуваат децата на протести и ги вовлекуваат во дрога и проституција

Рускиот претседател Владимир Путин денес се залагаше за интернет кој делува според „моралните" норми и ги осуди социјалните мрежи кои, според него, ги поттикнуваат децата да учествуваат на улични протести и ги вовлекуваат во проституција и дрога.

Фото: ЕПА

Москва сè повеќе се обидува да го контролира влијанието на американските социјални мрежи и е фрустрирана бидејќи, според нејзино мислење, тие не ги почитуваат руските закони.

Во декември, долниот дом на парламентот на Русија поддржа нови големи казни за платформи кои не отстрануваат забранета содржина, а беше донесен и закон за ограничување на работата на американските социјални мрежи доколку ги „дискриминираат“ руските медиуми.

„Интернетот веќе навлезе во сите сфери на нашите животи... и не само што мора да ги почитува официјалните закони, туку и моралните норми на општеството во кое живееме, во спротивно тоа општество ќе се сруши“, рече Путин.

Десетици илјади луѓе протестираа во јануари и февруари против затворањето на истакнатиот критичар на Кремљ Алексеј Навални и тогаш Москва ги обвини американските социјални мрежи дека не ги отстраниле, според нејзини зборови, лажните објави за тие протести против Кремљ.

Тој ги обвини организаторите на антивладините демонстрации дека ги носат децата „на улица да бидат хулигани“ да „се борат со полицијата, а потоа се кријат зад децата“.

„Соочени сме со (дигитална) детска порнографија, детска проституција, трговија со дрога, а целите се токму децата и тинејџерите“, рече Путин.

„Одвлекувајќи ги на улица да станат хулигани, да играат брканица со полицијата, а тие се кријат зад децата, така всушност нив ги изложуваат“, рече тој.

Во четвртокот, весникот Ведомости објави дека руската влада размислува за воведување нов данок на големите ИТ компании кои користат руски податоци за изработка на алгоритми со кои преку рекламирање дејствуваат на руските корисници.

Парите собрани од таков данок би биле искористени за поддршка на домашните ИТ компании, пренесува Ведомости.

Минатата недела за оваа мерка дискутираа руската влада и претставници на ИТ индустријата, рече вицепремиерот Дмитриј Чернишенко.

Одлука за таков данок се очекува оваа година, пишува весникот повикувајќи се на неименуван извор.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе