Путин со Шолц: Русија долго време избегнуваше гаѓање на некои цели, Киев нѐ испровоцира

Руските напади врз одредени украински цели се принуден и неизбежен одговор на провокациите на Киев, му рече во петокот рускиот претседател Владимир Путин на германскиот канцелар Олаф Шолц.

Фото: ЕПА

Во телефонскиот разговор со Шолц, Путин ги прозва западните земји, вклучително и Германија, за нивните деструктивни дејства, како што е снабдувањето на режимот во Киев со оружје и обука на украинската војска, се вели во соопштението на Кремљ.

Тој детално ги објасни целите на руската „специјална воена операција“ во Украина и ја повика Германија да ја преиспита својата позиција за конфликтот.

Путин тврди дека сеопфатната политичка и финансиска поддршка на Западот за Украина е причината поради која „Киев целосно ја отфрла идејата за какви било преговори“.

„Покрај тоа, ги охрабрува радикалните украински националисти да вршат сѐ повеќе крвави злосторства над цивилите“, се додава во соопштението.

Путин нагласи дека руските сили долго време се воздржувале од гаѓање одредени цели во Украина, но дека таквите мерки сега станале принуден и неизбежен одговор на провокативните напади на Киев врз руската цивилна инфраструктура, вклучувајќи го и мостот на Крим и енергетските објекти.

Тој рече дека „терористичките напади на гасоводите на Северен тек се исто така дел од овие провокации“, повторувајќи го повикот на Москва за транспарентна истрага во која е вклучена Русија.

Во соопштението се додава дека, во однос на договорот за извоз на жито, Путин ја нагласил потребата од негова сеопфатна имплементација, што подразбира отстранување на сите бариери за руските испораки.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе