На почетокот на разговорите со Ердоган

Путин: Ситуацијата во Сирија е критична

Ситуацијата во Сирија е критична, сите тоа го гледаат и го разбираат, консултациите меѓу Русија и Турција за ова прашање се мошне неопходни, рече рускиот претседател Владимир Путин.

„Сакам да изразам надеж дека неодамна постигнатото ниво на руско-турските односи ќе одигра улога во решавањето на сите сложени прашања што се појавија во регионот и ќе ни овозможат да најдеме одговори на сите, дури и на мошне тешките прашања во интерес на Турција и Русија и на сите земји во регионот“, рече Путин во почетокот на разговорите со турскиот претседател.

Путин и Ердоган се состанаа денес во Сочи за да разговараат во тесен формат.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека разговорите меѓу двајцата лидери ќе бидат темелни и сложени и дека тие ќе мора да разговараат за „многу теми“ што се поврзани со Сирија.

Разговорите ќе се фокусираат на „нормализирање на ситуацијата“ во североисточна Сирија, рече Кремљ.

Еден ден пред средбата со Путин, Ердоган рече дека Анкара ќе „преземе чекори“ во Сирија.

Денеска истекува петдневниот рок за прекин на воената операција на Турција.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе