Путин: Ширењето на НАТО во Украина е црвената линија за Русија

Претседателот на Русија Владимир Путин по средба со белорускиот колега Александар Лукашенко кажа дека ширењето на НАТО во Украина за Москва би значело дека црвената линија е помината, пренесува ТАСС.

EPA-EFE

„Претседателот Путин и претходно кажувал дека тоа е исклучително црвена линија“, кажа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Лукашенко, пак, истакна дека цели корпуси на западните сили се распоредени во Полска, на границата со Белорусија.

„Јасно е дека каде и да се распоредени во Полска, тие нема да бидат насочени против Германија. Тоа се странски трупи, пред сè американски“, објави белоруската агенција Бета, а пренесува ТАСС.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе