Путин: Ширењето на НАТО е бесмислено и закана за Русија

Претседателот на Русија Владимир Путин го критикуваше продолжувањето на ширењето на НАТО кое, како што сугерираше, било бесмислено.

Како што истакна Путин, тоа е бесмислено имајќи го предвид непостоењето на закана од Москва по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Зборувајќи на состанок на руските воени лидери во Сочи на Црното Море, Путин кажа дека ширењето на НАТО претставува закана за Русија, но дека се надева дека интересот за заедничка безбедност ќе надвладее, пренесува Ројтерс.

И покрај тензиите, Путин порача дека Русија останува спремна за соработка со воениот пакт.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека Русија „со големо внимание“ ги следи настаните во Лондон, каде НАТО одбележува 70 години од формирањето.

Воениот пакт кој има 29 членки е формиран во 1949 година за Европа да се заштити од влијанието на тогашниот Советски Сојуз.

Песков кажа дека НАТО е „производ на ера на конфликти, ерата на Студената војна“, на што Русија не сака да се враќа.

„Сојуз кој е создаден и обликуван со идеологија на конфронтација, нормално, не може да донесе ништо друго освен конфронтација“, кажа Песков.

Сѐ потесните односи на Турција и Москва ги зголемуваат тензиите меѓу членките на НАТО, но Песков тврди дека таа соработка не ѝ штети на Алијансата.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе