Путин: Северен тек 2 ќе биде довршен бидејќи САД сакаат добри односи со Европската унија

Гасоводот Северен тек 2 ќе биде завршен и затоа што САД сакаат добри односи со Европската унија, рече во петокот рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Гасоводот Северен тек 2, што го гради руската компанија „Гаспром“, е скоро завршен.

САД укинаа некои санкции против проектот минатиот месец, а Бајден тогаш рече дека така одлучил бидејќи гасоводот е речиси целосно изграден и затоа што нови санкции ќе им наштетат на американско-европските односи.

„Мислам дека ќе биде завршен, особено имајќи предвид дека новата американска администрација зборува за својата намера да гради добри односи со своите клучни партнери во Европа“, рече Путин на економскиот форум во Санкт Петербург.

„Како можете да изградите добри односи со своите партнери и да ги игнорирате нивните интереси?“ додаде тој.

Русија заврши со поставување цевки за првата линија на Северен тек 2, а втората треба да заврши во рок од два месеци, рече Путин.

Кога ќе заврши Северен тек 2, годишниот волумен на постојната траса ќе биде двојно зголемен, на 110 милијарди кубни метри.

Северен тек 2 се гради под Балтичко Море за да ја заобиколи Украина, која веќе игра мала улога како транзитна област за рускиот гас. Киев се спротивставува на проектот и го смета за средство за политички притисок.

Гаспром ќе започне да ја полни првата линија со гас штом Германија даде зелено светло, рече Путин.

Акциите на Гаспром пораснаа за 1,3 проценти, достигнувајќи 275,70 рубли (приближно 190.33 денари) по акција, што е најмногу од средината на 2008 година.

Извозот на руски гас во Европа надминува 200 милијарди кубни метри оваа година и може да се зголеми за дури 50 милијарди во следната деценија, рече Путин.

Украина мора да покаже добра волја ако сака да биде транзит за рускиот гас и поврзаните надоместоци да останат, истакна тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе