Путин: Седум капетани и два „херои на Русија“ се меѓу загинатите во пожарот на руската подморница (ВИДЕО)

Во своето прво јавно обраќање за фаталниот инцидент на руската воена истражувачка подморница, рускиот претседател Владимир Путин кажа дека тоа е „огромна загуба“, додавајќи дека дцајца херои на Русија и седум високорангирани офицери загинале.

„Ова не е обична подморница, ова е истражувачка подморница“, кажа рускиот претседател по средбата со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на која тие разговараа за трагедијата.

Путин истакна дека екипажот го сочинувале „високо квалификувани професионалци“ и истакна дека смртта на 14-те морнари е „огромна загуба за Русија и нејзината флота“.

Тој кажа дека двајца од загинатите во пожарот на истражувачката подморница претходно ја добиле највисоката руска почесна титула – херој на Русија – додека седум од офицерите имале чин „капетан прва класа“.

Путин му нареди на Шојгу лично да отпатува во Североморск, каде пловилото во моментов се наоѓа, да ја надгледува истрагата и да му рапортира кога ќе се врати.

Во понеделникот истражувачка подморница на руската воена морнарица се запали за време на операција за истражување на морското дно на руските територијални води.

Британската агенција Ројтерс вчера јави, повикувајќи се на извори на руската војска, дека пожарот бил предизвикан од експлозија на гас. Руското министерство за одбрана веднаш ја отфрли информацијата како неточна, истакнувајќи дека причината за пожаро е сѐ уште непозната.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе