Путин се закани: Ќе ги насочиме нуклеарните проектили кон Америка (ВИДЕО)

Русија на кое било поставување нуклеарно оружје со среден дострел во Европа ќе одговори така што ќе ги нанишани не само земјите во кои американските проектили ќе бидат поставени, туку и Соединетите Американски Држави, соопшти денес рускиот претседател Владимир Путин во годишното обраќање до парламентот.

„Ќе го кажам тоа јасно и отворено: Русија ќе биде приморана да размести оружје кое ќе може да се користи не само против териториите од кои може да дојде директна закана туку и против териториите каде што се наоѓаат центрите за одлучување“, кажа Путин во годишниот говор пред парламентот за состобјата на нацијата.

Путин истакна и дека Русија не сака конфронтација и дека нема прва да постави нуклеарни проектили како одговор на американското повлекување од Договорот за нуклеарни сили од краток и среден дострел (ИНФ).

Но во исто време, во најострата изјава за потенцијалната нова трка во вооружување по Студената војна, тој порача дека руската реакција на какво било поставување проектили ќе биде решителна и дека американските политичари, дел од кои се опседнати со американската посебност, требало да сметаат на тој ризик пред да преземат такви чекори.

Путин истакна и дека одлуката на Вашингтон за повлекувањето од договорот ИНФ е донесена врз неосновани обвинувања дека Москва го крши тој договор, додавајќи дека Соединетите Држави се всушност тие што го кршат.

Таа американска одлука ја наведе и Русија да го суспендира своето дејствување во Договорот за елиминација на нуклеарните проектили од краток и среден дострел (ИНФ) од времето на Студената војна и да почне да развива нови оружја, истакна Путин.

„Нашите американски партнери можеа да бидат чесни наместо да користат имагинарни обвинувања на сметка на Русија за да го оправдаат своето еднострано излегување од договорот“, кажа Путин.

Освен со заканата со нуклеарно „нишанење“, Путин во Думата зборуваше и за новото руско нуклеарно вооружување. Путин во своето обраќање најави дека првиот подводен нуклеарен дрон „посејдон“, таканареченото „оружје на судниот ден“, на руските подморници ќе биде поставено уште оваа година, како и ласерското оружје „пересвет“.

Го најави и производството на хиперсоничниот „авангард“, тестирањето на тешкиот интерконтинентален балистички проектил „сармат“ и експерименталното поставување на хиперсоничниот проектил „кинжал“, како и други крстосувачки проектили и воени бродови.

Сепак, веројатно загрижен поради драматичниот пад на популарноста поради контроверзната пензиска реформа, вети дека овие спектакуларни нови оружја „нема да бидат прескапи“ за руските даночни обврзници.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе