Путин се согласи на непречен транзит на украинското жито

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен да го олесни непречениот извоз на жито од украинските пристаништа во координација со Турција.

Фото: ЕПА

Путин ова го рекол во разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој, исто така, повторил дека Русија би можела да извезува значителни количества ѓубрива и храна доколку бидат укинати санкциите против Москва, соопшти Кремљ.

„За време на дискусијата за ситуацијата во Украина, акцент беше ставен на обезбедувањето безбедна пловидба во Црно и Азовско Море и елиминирањето на заканите од мини во нивните води“, се вели во соопштението на Кремљ.

„Владимир Путин ја истакна подготвеноста на руската страна да овозможи непречен поморски транзит на стоки во координација со турските партнери. Тоа важи и за извозот на жито од украинските пристаништа“, соопшти Кремљ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе