Во фокусот на трката во вооружување меѓу воените сили

Путин се пофали со успешно пробно лансирање на хиперсоничните ракети „циркон“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека е успешно спроведена проба на лансирање салва хиперсонични ракети „циркон“, тип на оружје кое Москва го смета за несопирливо и кое е во фокусот на трката во вооружување меѓу воените сили.

EPA-EFE

„Оваа ноќ во раните зори беше испукана салва од хиперсоничниот систем „циркон““, кажа Путин на состанок на владата кој го пренесуваше телевизијата, додавајќи дека операцијата е спроведена успешно.

„Тоа е голем настан за земјата и значајна фаза во јакнењето на безбедноста на Русија и нејзините одбранбени капацитети“, додаде рускиот претседател, кој не наведе дополнителни информации.

Според повеќе руски медиуми, првпат се случува Москва да објави испукување „салва“ циркон проектили. Руското министерство за одбрана засега не објави дополнителни информации.

Првото официјално испукување на ракета „циркон“ беше во октомври 2020. Од тогаш имаше и други проби во рускиот Арктик, конкретно од фрегатата Адмирал Горшков и подморница. Последен пат овој тип проектил беше испукан на 16 декември.

Во контекстот на тензиите со западните земји и особено со Вашингтон, Русија сè повеќе го објавува усовршувањето на новото оружје кое Путин го претставува како „непобедливо“.

Ракетата „циркон“ со максимален дострел од околу 1.000 километри ќе ја носат бродовите и подморниците на руската флота.

Првите хиперсонични ракети од новата генерација „авангард“, за кои Путин кажа дека можат да достигна брзина дваесет пати поголема од таа на звукот, влегоа во употреба во руската војска во декември 2019 година.

Русија се обидува да развие слично оружје за употреба во вселената.

Кон средината на ноември Русија уништи еден стар советски сателит во орбитата. Тоа предизвика незадоволство кај Западот кој ја обвини Москва дека создава вселенски отпад и ја загрозува Меѓународната вселенска станица.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе