„Ова не е блеф“

Путин се испофали со ново оружје: хиперсонична ракета, невидлива подморница, непобедливи нуклеарки... (ВИДЕО)

Русија разви нова низа нуклеарни оружја, кои се непобедливи, рече денеска претседателот Владимир Путин.

Путин ја изложи својата клучна политика за четвртиот претседателски мандат, пред изборите за 17 дена, на кои се очекува да победи.

За Западот рече: „Тие треба да ја земат предвид новата реалност и да сфатат... ова не е блеф“.

Претставувајќи го својот годишен говор за нацијата, Путин употреби видеопрезентации за да го покаже развојот на два нови системи за испорака на нуклеарно оружје, за кои рече дека може да избегнат откривање.

Една од нив е „ниско-летачка крстосувачка ракета што тешко може да се забележи... со практично неограничен опсег и непредвидлива патека на летање, која може да ги заобиколи линиите на пресретнување и е непобедлива во однос на сите постојни и идни системи и на ракетна и на воздушна одбрана“. За крстосувачката ракета рече дека може да „стигне насекаде во светот“.

Уште едно оружје за кое тој разговараше беше ракета со долг дострел лансирана од подморница, која може да испорача нуклеарна боева глава.

Меѓу новите напредни оружени системи на Русија има и хиперсонична ракета. Ракетата е лансирана од авион и достигнува брзина од Мах-10 додека маневрира пробивајќи се низ противавионските системи. Оружјето може да биде опремено со нуклеарна боева глава.

Русија создала уште едно оружје - подводно беспилотно летало со одлична издржливост и способност за невидливост, со нуклеарен реактор помал и помоќен од претходните модели. Беспилотното летало може да пресретне непријателски групи на носачи на авиони и да ги нападне крајбрежните одбранбени линии.

За време на двочасовниот телевизиски говор на заедничката седница на двата дома на парламентот, Владимир Путин ги охрабри Русите да предлагаат имиња за двата система. Тој тврдеше дека ова е реакцијата на Русија откако неколку години ги повикуваше САД да не се повлекуваат од антиракетните договори.

Објавено

Четврток, Март 1, 2018 - 19:00

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе