На годишната директна линија

Путин: Санкциите ги чинат европските економии 240 милијарди долари, Русија изгуби 50 милијарди (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин одговара на прашањата на руските граѓани и новинарите. Традиционалната „Директна линија“ се одржува 17 пат. На адресата на Кремљ пристигнале повеќе од милион прашања од областа на здравството, образованието, надворешната политика, социјалната сфера...

До 9 часот утринава пристигнале околу 1,5 милиони прашања, а како што соопшти портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, Путин погледнал поголем број прашања и ги распоредил по приоритет.

Минатата година директната линија до Путин траеше 4 часа и 20 минути.

Нивото на приходите, здравствената заштита, ситуацијата со ѓубрето и комуналните услуги се во моментов најжешките прашања за Русите, кажа рускиот претседател Путин на почетокот на својата годишна телевизиска сесија.

Животот за руските граѓани стана поголем предизвик, бидејќи Русија пред неколку години се соочи со шокови, кои ја нарушија ситуацијата на домашниот пазар и негативно влијаеја врз социјалната сфера, кажа Путин.

„Тоа е вистината, затоа оваа тема ја идентификував како една од најакутните и најважните“, кажа рускиот претседател и додаде дека сака да потсети дека пред неколку години се случиле неколку шокови одеднаш, и дека тоа дури не биле надворешните шокови поврзани со санкциите и надворешните ограничувања, туку со традиционалната извозна стока – нафтата, нафтените деривати, гасот, јаглеводородите, металите, хемиските ѓубрива, хемијата генерално и други производи.

„Затоа се соочивме со толку непријатен елемент во економијата и социјалната сфера“, кажа тој.

„Од 2014 година Русија од санкциите изгуби околу 50 милијарди долари, Европа – 240 милијарди долари, САД изгубија 17 милијарди долари, а Јапонија 27 милијарди долари“, истакна Путин, зборувајќи за загубите од рестрикциите кои Западот ги воведе по анексијата на Крим во составот на Руската Федерација.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе