Путин сакаше Русија да влезе во НАТО, вели бивш шеф на Алијансата

Џорџ Робертсон се сеќава дека рускиот претседател не сакал Русија да стои во ред „со многу земји што не се важни“.

Фото: ЕПА

Рускиот претседател Владимир Путин сакаше Русија да влезе во НАТО, но не сакаше неговата земја да помине низ вообичаениот процес на аплицирање и да застане во редот „со многу земји што не се важни“, изјави денеска поранешниот генерален секретар на Алијансата Џорџ Робертсон.

Шефот на НАТО од 1999 до 2004 година рече дека Путин на нивниот прв состанок јасно ставил до знаење дека сака Русија да биде дел од Западна Европа.

„Тие сакаа да бидат дел од тој сигурен, стабилен просперитетен Запад на кој Русија во тоа време не му припаѓаше“, рече тој.

Робертсон се присети на претходната средба со Путин, кој стана руски претседател во 2000 година.

„Путин праша: Кога нас ќе нѐ поканите во НАТО? Јас одговорив: Па, ние не ги каниме луѓето да влезат во НАТО, тие аплицираат за да влезат во НАТО. А тој рече: Па ние не стоиме во ред со многу земји што не се важни“, рече Робертсон.

Ова тврдење се совпаѓа со едно претходно интервју на Путин за Би-би-си, непосредно пред да биде првпат избран за претседател на Русија пред повеќе од 21 година. Путин во него рече дека не ја исклучува можноста за влез во НАТО, „ако и кога ставовите на Русија ќе се земат предвид како ставови на рамноправен партнер“.

Тој тогаш рече дека му е тешко да го замисли НАТО како непријател.

„Русија е дел од европската култура. И јас не можам да ја замислам сопствената земја во изолација од Европа и од она што често го нарекуваме цивилизиран свет“, рекол тогаш Путин, а пренесува Гардијан.

По уличните протести на Портокаловата револуција во Украина во 2004 година, Путин стана сè посомничав кон Западот, кој го обвини за финансирање на продемократски невладини организации, вели британскиот весник. Тој уште повеќе се налути поради постојаното проширување на НАТО во централна и источна Европа: Романија, Бугарија, Словачка, Словенија, Летонија, Естонија и Литванија избраа да се приклучат на алијансата во 2004 година; следуваа Хрватска и Албанија во 2009 година. На Грузија и на Украина им беше ветено членство во 2008 година, но останаа надвор, вели Гардијан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе