Путин сака преговори со НАТО и САД за безбедноста на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин повика веднаш да се почнат преговори со НАТО и Соединетите Американски Држави за гаранциите за руската безбедност, поради растењето на тензиите околу Украина.

EPA-EFE

„Владимир Путин ја истакна потребата веднаш да се почнат преговори со САД и со НАТО за да се обезбедат правни гаранции за безбедноста на нашата земја и да се спречи идно ширење на Сојузот на исток и распоредување оружени системи во Украина и соседни земји кои би биле закана за Русија“, истакна Кремљ во соопштение објавено по телефонскиот разговор на рускиот претседател со финскиот колега Саули Нинисто.

Рускиот претседател во разговорот преку видеолинк на почетокот на декември побара од американскиот претседател Џо Бајден правни гаранции за да се исклучи секакво ново проширување на НАТО, бидејќи Москва оценува дека Западот, отворајќи им ја вратата на воениот пакт на земјите од Источна Европа и поранешниот СССР, го прекрши усното ветување дадено по распадот на Советскиот Сојуз.

Во таа смисла Русија го смета евентуалното членство на Киев за црвена линија. Русија го анектираше црноморскиот полуостров Крим во 2014 година како одговор на превратот поддржан од Западот.

Западот во моментов стравува дека Русија подготвува инвазија во Украина и трупа сили на заедничката граница.

Кремљ ги отфрла тие обвинувања и тврди дека НАТО ја загрозува Русија вооружувајќи го Киев и распоредувајќи сè повеќе воздухопловни и поморски сили во Црното Море.

Путин воедно повторно ги обвини украинските власти дека го кршат договорот од Минск кој содржи насоки за воспоставување мир на истокот на Украина, во Донбас, каде Киев веќе речиси осум години војува со проруските бунтовници, за кои тврди дека добиваат наредби од Кремљ.

„Рускиот претседател истакна дека украинските власти, кршејќи го договорот од Минск, отворено се закануваат со сила, користејќи во Донбас тешко оружје и напади со беспилотни летала“, истакна Кремљ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе