Путин сака Г7 да стане Г10, а би ги поканил Кина и Индија (ВИДЕО)

Заклучокот на претседателите на САД и Франција Доналд Трамп и Емануел Макрон дека би било добро Русија да се повика да учествува на самитот на Групата индустриски најразвиени земји во Москва беше дочекан со – дополнување. Во Русија сметаат дека би било добро во иднина на тие самити да се покануваат и Кина и Индија.

За предлогот за враќањето на Русија во клубот на најголемите (Г8) би требало да се изјаснат на самитот на Г7 за време на викендов во Франција, а ако се сложат, рускиот претседател Владимир Путин би добил покана за самит на Г8 за 2020 година. Путин веќе кажа дека е спремен да се сретне со кој било лидер на седумте земји, но дека тој формат е застарен.

„Самитот Г20 ги собира земјите кои сочинуваат 90 отсто од светската економија, и на тие собири активна е и Русија“, истакна Путин.

Русија престанаа да ја канат на самитите на кои учествуваат САД, Британија, Германија, Италија, Канада, Франција и Јапонија во 2014 година по анексијата на црноморскиот полуостров Крим. На предлог на американскиот претседател Барак Обама форматот Г8 се врати на Г7, каков што постои од 1976, а Русија им се придружи во 1991.

„Не гледам причина за радост, бидејќи Русија и понатаму е под санкции на земјите членки на Г7. Добро е што во „седумката“ сфатија дека од нивните меѓусебни приказни без учество на Русија нема голема корист“, изјави Константин Косачов, претседателот на Комитетот за меѓународни односи на Советот на Руската Федерација.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе