Путин: САД во Авганистан предизвикаа само трагедија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека американската интервенција во Авганистан не постигнала ништо, освен што предизвикала трагедија и загуби на живот од сите страни и покажа дека е невозможно да се наметнат странски вредности на други земји.

Фото: ЕПА

Обраќајќи им се на тинејџери во образовна институција на рускиот Далечен Исток, Путин порача дека американскиот пристап кон Авганистан бил фундаментално погрешен.

„Американските сили беа присутни на таа територија 20 години и 20 години се обидуваа да ги цивилизираат луѓето што живеат таму, да ги наметнат сопствените норми и животни вредности, во најширока можна смисла на зборот, па така и во политичката организација на општеството“, рече Путин.

„Резултатот е само трагедија и загубени животи на оние што го направија тоа, САД, и уште повеќе на луѓето кои живеат на територијата на Авганистан. Резултатот е нула, ако не и негативен“, додаде тој.

САД ги повлекоа своите последни војници од Авганистан во понеделникот, а американскиот претседател Џо Бајден во вторникот зборуваше за крај на ерата на воени операции за преобликување на други земји.

Повлекувањето на САД ѝ создава главоболка на Москва, која ги гледа соседните поранешни советски републики во Централна Азија како дел од своето јужно одбранбено крило и се плаши од ширење на радикалниот исламизам.

Москва ја зајакна својата воена база во Таџикистан, кој граничи со Авганистан, а нејзините војници учествуваат во воени вежби во близина на границата.

Путин, кој претходно рече дека Москва извлекла поука од советскиот дебакл во Авганистан и не планира да ги распореди своите војници во таа земја, рече дека е важно да се земе предвид историјата, културата и животната филозофија на луѓето како Авганистанците кога се разговара со нив.

„Невозможно е на нив да им се наметне нешто однадвор“, истакна Путин.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе