Путин: Руските вакцини се ефикасни и против новите соеви

Руските вакцини против коронавирусот се ефикасни и против новите соеви, кажа денес рускиот претседател Владимир Путин.

EPA-EFE

„Според извештаите кои ги добив, нашите вакцини дејствуваат и против тие соеви, кои предизвикаа голем страв во Европа, и не само во Европа“, кажа Путин на состанокот со Вероника Скворцова, шефицата на руската Федерална медицинско-биолошка агенција.

Путин истакна дека тестовите покажале дека руските вакцини се ефикасни против овие соеви, пренесува ТАСС.

Скворцова кажа дека Агенцијата до сега забележала околу 3.500 мутации за време на пандемијата на коронавирусот во Русија.

„Сите тие се всушност еднонуклеотидни, неутрални варијации, кои се безначајни во поглед на обликот на инфекцијата. Повеќето од нив се спорадични мутации, но само седум се со инциденција од пет отсто во нашата популација“, кажа таа.

Според неа, четири од овие седум мутации се наоѓаат во С-протеинот, но ниедна не е откриена во доменот на рецепторот.

„Значи, кога доменот на рецепторот е нечепнат, сите руски вакцини против коронавирусот се ефикасни“, кажа Скворцова.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе