За да спречат враќање на терористите

Путин: Руските бродови со крстосувачки ракети остануваат во Средоземното Море (ВИДЕО)

Рускиот преседател Владимир Путин изјави дека руските воени бродови со крстосувачки проектили „калибр“ ќе останат во постојана готовност во Средоземното Море за да спречат, како што кажа, повторно јакнење на терористичката закана.

Руските воени бродови во Медитеранот покажуваат колку Русија го зголеми своето воено присуство на Блискиот Исток откако во 2015 интервенираше во Сирија менувајќи го текот на војната во корист на својот сојузник сирискиот претседател Башар Ал Асад, пишува Раша тудеј.

Русија претходно милитантите ги гаѓаше со крстосувачки ракети „калибр“ од фрегати и подморници во Средоземното Море за да помогне во офанизивите на сириската војска.

Путин истакна дека само воените бродови вооружени со такви ракети ќе бидат во постојана готовност, но не и подморници.

Најавувајќи го ангажманот на руската морнарица во обраќањето до врховната команда на руската војска на средба во Сочи, Путин кажа дека тоа е потребно за „спречување на повторно јакнење на терористичката закана во Сирија“.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе