Путин: Руската војска не го собори малезискиот авион

Рускиот претседател Владимир Путин повтори дека ракетата што го собори малезискиот авион МХ17 над Украина во 2014 година не ѝ припаѓала на Русија.

Тој на пленарната седница на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург рече дека има неколку верзии, вклучувајќи ја и онаа според која тоа е ракета на украинската армија, како и авионот.

„Меѓутоа, повторувам дека нема ништо што ќе ни влее доверба во квалитетот на конечните заклучоци и тоа нема ни да се случи без наше целосно учество во истрагата“, рече Путин одговорајќи на прашањето дали ракетата која го соборила малезискиот „боинг“ ѝ припаѓа на Русија.

Холандија денес соопшти дека смета дека Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе