Путин: Руската хистерија околу коронавирусот е резултат на странски провокации

Хистеријата околу новиот коронавирус во Русија е резултат на провокативните лажни вести од странство, кажа рускиот претседател Владимир Путин, а денес и рускиот енергетски џин Газпром објави дека ги прекинува сите патувања на својот персонал во странство.

Вирусот е зауздан и „ништо критично не се случи“ во Русија, кажа Путин, а пренесува агенцијата ТАСС.

Медиумските извештаи за заканата од коронавирусот во Русија имаат за цел „да посеат паника меѓу населението“, кажа рускиот претседател.

„Тие провокативни лажни вести... главно се организирани од странство“, смета тој.

Во земјата се пријавени неколку случаи на новиот коронавирус, вклучувајќи го првиот случај во московскиот регион неделава, а властите преземаа голем број превентивни мерки, како на пример строгото ограничување на влезот за кинеските државјани.

Рускиот цин Газпром претходно денес ги прекина странските патувања на својот персонал поради коронавирусот, соопшти портпаролот на компанијата.

Тој додаде дека целиот персонал треба да се подложи на лекарски тестови по приватните патувања во странство.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе