60-годишнина од првиот лет во вселената

Путин: Русија треба да остане голема нуклеарна сила и освојувач на вселената

Русија треба да остане голема нуклеарна сила и освојувач на вселената, изјави рускиот претседател Владимир Путин по повод 60-годишнината од првиот вселенски лет кој го изведе советскиот космонаут Јуриј Гагарин.

EPA-EFE

„Во 21 век Русија треба да го задржи својот статус меѓу главните нуклеарни и вселенски сили, бидејќи вселенскиот сектор е директно поврзан со одбраната“, кажа Путин на видео-конференција посветена на таа тема.

„Претседателот на Русија побара утврдување развојна вселенска стратегија која би важела „најмалку десет години“, наведувајќи го на прво место секторот на одбраната, но и телекомуникациите, транспортот како и прашањето на фундаменталните истражувања, здравството и образованието.

„Владата треба да подготви документ кој ќе содржи јасни мерки за постигнување на тие приоритети“, кажа Путин.

Поздравувајќи го историскиот успех на Гагарин, Путин кажа: „Тоа секогаш ќе биде гордост на нашата земја која го отвори патот кон вселената“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе