Со САД

Путин: Русија спремна да го продолжи договорот за контрола на нуклеарките без никакви нови услови или дискусии

Москва е подготвена да го продолжи последниот голем договор за контрола на нуклеарното оружје без никакви услови и дискусии, рече денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Русија е подготвена до крајот на оваа година да го продолжи Новиот СТАРТ договор за контрола на нуклеарното оружје без никакви дополнителни услови и без понатамошна дискусија, рече претседателот Владимир Путин, јави новинската агенција Интерфакс.

„Русија е спремна веднаш, што е можно поскоро, пред крајот на годинава, да го продолжи Новиот СТАРТ договор без никаков предуслов, за подоцна да нема никакви двојни, тројни толкувања на нашиот став. Ова го кажувам официјално“, истакна рускиот претседател.

Важноста на Новиот СТАРТ договор треба да заврши во февруари 2021 година.

Новата СТАРТ спогодба е последниот голем договор за контрола на нуклеарното оружје меѓу Русија и Соединетите Американски Држави и го ограничува бројот на стратегиските нуклеарни боеви глави што тие можат да ги распоредат.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе