„Оружје развиено поради стратегиска рамнотежа и стабилност“

Путин: Русија се труди да создаде услови за никој да не сака да ја нападне (ВИДЕО)

Претседателот на Русија Владимир Путин кажа дека земјата развила единствено оружје за напад за „стратегиска рамнотежа“ и „стратегиска стабилност“ во светот, без намера да почне војна.

Во делот од интервјуто за државната новинска агенција ТАСС објавен денес, Путин кажа дека Русија нема да се бори против никого, туку со развивањето ново оружје се труди да создаде услови никој да не сака да ја нападне неа.

Тричасовнотто интервју на ТАСС со Путин со кое се одбележуваат 20 години на неговото владеење со Русија, поделено е во 20 делови и ќе се објавува во текот на неколку недели. Во епизодите кои се веќе емитувани претседателот на Русија зборува за неодамнешната промена на владата, Украина, масовните протести во Москва и употребата на модерна технологија.

Русија изгради „офанзивни системи какви што светот не видел“ и кои ќе ги натераат САД да се обидат да ја стигнат, кажа Путин.

Како пример го спомна хиперсоничниот офанзивен систем, оружјето кое може да лета со брзина 27 пати поголема од таа на звукот и кое е во употреба од крајот на минатата година. Тој кажа дека во последните 20 години уделот на модерната опрема во руската војска пораснал од шест на 70 отсто.

„Ова е единствена ситуација“, кажа рускиот претседател.

Тој додаде дека постоењето на овие системи му овозможува на Кремљ да „одржи стратегиска стабилност и рамнотежа“ во моментите кога Америка се обидува да го вознемири светот со своите системи за противракетна одбрана.

Путин заклучи дека новиот оружен систем „е важен за руската но и за глобалната безбедност“.

Кремљ модернизацијата на војската ја постави како главен приоритет откако беа влошени односите со Западот по руската анексија на Крим во 2014. Путин развојот на хиперсоничното оружје првпат го спомна во март 2018 година.

Минатата година претседателот на Русија го опиша трупањето на НАТО силите во близина на западните руски граници и повлекувањето на САД од договорот за нуклеарните сили со среден дострел од 1987 како главна безбедносна закана за Русија.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе