Путин: Русија нема проблем со Шведска и Финска, но нивното воено зајакнување е закана

Русија „нема проблем“ со Шведска или Финска, но смета дека распоредувањето на воената инфраструктура на блокот во нив е закана, рече денеска претседателот Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Путин денеска предупреди дека Русија ќе одговори доколку НАТО почне да ја зајакнува воената инфраструктура на Шведска и Финска, кои одлучија да му се придружат поради конфликтот во Украина.

Путин постојано повторува дека проширувањето на НАТО на исток по распадот на СССР е причината за нападот на Украина. Говорејќи на состанокот на воената алијанса на поранешните советски држави, Путин рече дека САД го користат проширувањето на НАТО на „агресивен“ начин со цел да ја влошат и онака тешката глобална безбедносна ситуација.

Русија, рече тој, нема проблеми со Финска или Шведска, така што нема ни директна закана поради проширувањето на НАТО кон тие земји.

„Можното приклучување на Шведска и Финска во НАТО не претставува директна закана за Русија“, рече рускиот претседател.

„Но проширувањето на воената инфраструктура на НАТО во областа секако би предизвикало наш одговор“, им рече Путин на лидерите на Организацијата за заеднички договор за безбедност, која ги вклучува Белорусија, Ерменија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан.

„Каков ќе биде тој (одговор) - ќе видиме какви ќе бидат заканите“, рече Путин. „Без никаква причина се создаваат проблеми, ќе реагираме според околностите.“

Путин рече дека натамошното проширување на НАТО „е проблем што е создаден целосно вештачки, бидејќи тоа се прави за надворешнополитичките интереси на Соединетите Држави“.

Тој додаде дека воениот блок рутински се користи како надворешнополитички инструмент на една земја – САД, но „прилично упорно, вешто и многу агресивно“.

Русија досега кажа многу малку за тоа што има намера да направи во случај на проширување на НАТО со Финска и Шведска.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, еден од најблиските сојузници на Путин, минатиот месец изјави дека во тој случај Русија би можела да распореди нуклеарно оружје и хиперсонични ракети во Калининград.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе