„Враќањето на СССР е малку веројатно“

Путин: Русија не сака да биде како Советскиот Сојуз (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не сака да биде како Советскиот Сојуз, кој им го наметнувал својот начин на живот и политичкиот систем на соседите, истовремено истакнувајќи дека враќањето на СССР е малку веројатно и можно само преку „големи воени конфликти“.

„Социјализмот генерално, тоа е моето мислење, нема многу шанси (за враќање). Тоа е можно само преку големи внатрешни конфликти. Но дали ни се потребни тие конфликти?“, кажа рускиот претседател на своето големо годишно одговарање на прашања на јавноста и медиумите.

Тој истакна дека советската политика била „контрапродуктивна, прескапа и дека немала историска перспектива“ и дека е „невозможно да се примораат други луѓе да живеат по вашите правила“.

На прашањето дали Русија би го вратила повторно статусот на Советскиот Сојуз, Путин кажа дека тоа не е потребно.

На денешната сесија на рускиот претседател Путин му пристигнаа околу 2,7 милиони прашања и пораки, пренесува ТАСС, а само за време на телевизискиот настан пристигнале повеќе од милион прашања, и покрај хакерските напади.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе