Путин: Русија не планира карантин и покрај големиот број мртви

Русија не планира воведување никакви остри рестрикции за да ја заузда епидемијата на ковид-19, изјави претседателот Владимир Путин, иако земјата регистрираше рекорден број умрени од респираторната болест.

EPA-EFE

Бројот на заразените во изминатите денови скокна, во денес е 15.700, блиску до рекордот забележан претходно неделава. Во последните 24 часа во Русија умреа рекордни 317 лица заболени од ковид-19, а вкупниот број на умрени од почетокот на пандемијата порасна на 24.952.

Поради тоа се очекуваше дека Москва би можела да воведе построги мерки за да се сузбие ширењето, како оние кои претходно годинава се покажаа како штетни за економијата.

„Во врска со можноста за строги, сеопфатни мерки, тоа не планираме да го направиме. Владата нема такви планови“, кажа Путин на видеоконференција со водечките бизнисмени.

Русија мора да продолжи со тестирањата, да ги следи безбедносните мерки и да почне со вакцинирање, додаде рускиот претседател.

Претходно денес портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека Русија е сега поспремна за одговор на пандемијата и дека се клучни претпазливоста, хигиената и мерките кои ги вовеле локалните власти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе