Путин: Русија може да почне со испораката на гас веднаш штом Германија ќе го одобри Северен тек 2

Русија може да почне да ѝ доставува гас на Европа преку Северен тек 2 веднаш штом тој гасовод во Германија добие зелено светло, кажа денес рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи ја европската енергетска политика за високата цена на природниот гас.

EPA-EFE

Гасоводот кој преку Балтичкото Море ги спојува Русија и Германија го финансираа рускиот енергетски џин Газпром и неговите европски партнери, и покрај противењето на САД и некои европски земји како Украина и Полска.

Гасоводот е изграден и сега чека одобрение од германскиот регулатор за да почне со комерцијална продажба на гасот, но процесот на одобрување би можел да потрае неколку месеци.

„Ако германскиот регулатор даде одобрение утре, испораката на 17,5 милијарди кубни метри гас ќе почне задутре“, кажа Путин. Тоа количество би претставувало раст на руските испораки за 10 отсто, пишува Фајненшал тајмс.

Фирмата која управува со Северен тек 2, со седиште во Швајцарија, во понеделникот јави дека го наполнила првиот крак на гасоводот со „технички“ гас.

Путин кажа дека Русија се подготвува да го наполни и вториот крак до средината на декември.

Москва истакнува дека Северен тек 2, кој ќе ги удвои руските капацитети за испорака на гас преку Балтикот на 110 милијарди кубни метри, би можел да биде спасот за европскиот пазар со тој енергенс, соочен со недостиг и огромен раст на цените.

Аналена Бербок, копретседателка на партијата Зелени која многу веројатно ќе биде дел од новата владејачка коалиција со социјалдемократите (СПД) и либералите (ФПД), во четвртокот кажа дека Германија не би смеела да го одобри тој гасовод, пренесува Политико.

Од друга страна Олаф Шолц, веројатниот иден премиер и лидер на СПД, партијата која освои најмногу гласови на изборите, го поддржува гасоводот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе