Путин: Русија може да го победи коронавирусот за помалку од три месеци

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави денес дека земјата би можела да го победи коронавирусот за помалку од три месеци ако брзо воведе остри мерки, откако властите веќе одлучија од петок да ги прекинат сите летови до и од Русија.

Властите во Москва најавија дека овој викенд ќе ги затворат сите продавници, освен продавниците за храна и лекови.

Русија денес забележа најголемо зголемување на бројот на заразени лица во еден ден и сега се вкупно 840.

Тоа е сепак многу помалку отколку во другите европски земји, но московскиот градоначалник му рече на Путин во вторникот дека бројот на луѓе што навистина се заразени далеку ги надминува официјалните бројки.

„Дефинитивно ќе излеземе од оваа ситуација ... Се надевам дека тоа ќе се случи за два, три месеци“, рече Путин на средбата со претприемачите.

Путин додаде дека е убеден дека силните мерки воведени за спречување на коронавирусот ќе ја забрзаат борбата против ковид-19.

„Мерките се неопходни и привремени. Колку се посилни и поефикасни, толку пократок ќе биде периодот на рестрикции", рече Путин.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу објави дека се градат 16 центри за заболените, дека првиот ќе биде комплетиран до 30 март, а останатите до 16 мај.

Од 28 март до 5 април се затвораат сите продавници и трговски центри, освен аптеките и продавниците за храна. Нема да работат ниту рестораните ниту кафулиња, објави московскиот градоначалник.

Единствени исклучоци од забраната за летање ќе бидат руските авиони што ќе ги враќаат руските државјани од други земји и оние со посебни дозволи, соопшти владата.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе