Путин: Русија и Кина не планираат формирање воен сојуз

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави денес дека Москва и Пекинг не планираат да формираат воена алијанса.

„Не сме во воен сојуз со Кина и немаме планови да го формираме“, кажа Путин на годишната конференција за медиумите во Москва.

Како што пренесува ТАСС, тој кажа и дека тоа е контрапродуктивно и дека нема ништо добро да донесат обидите на САД, Јапонија и Јужна Кореја да формираат воен сојуз.

Путин најави дека Русија ѝ помага на Кина во воспоставувањето ракетен систем за рано предупредување кој би дејствувал строго како одбранбено средство.

„Нашата соработка со Кина се развива во сферата на одбранбената технологија“, кажа рускито престедател.

Според него, Кина е земја со развиена технологија, меѓутоа ова е прашање кое бара многу време за да се спроведат одредени проекти.

„Мислам дека Кина е способна самата да направи ракетен систем за рано предупредување“, истакна Путин, но додаде дека тоа може да го направи побрзо со помош на Русија.

„Тоа ќе ги подобри одбранбените способности на нашиот стратегиски партнер“, кажа тој.

„Русија значително се смени во последните 20 години“

Иако Русија значително се смени во изминатите 20 години, намалувањето на сиромаштијата останува главниот предизвик, изјави денес Путин.

Тој истакна дека станува збор за зголемување на реалните приходи, но дека проблемот со сиромаштијата не е решен.

„Сепак, ако погледнеме каква ни беше земјата пред речиси 20 години и каква е сега, тоа се две сосема различни држави“, кажа Путин.

Тој истакна дека им е благодарен на постарите генерации кои изградиле моќна држава во советскиот период.

„Многу нешто било направено во советскиот период на што можеме да бидеме горди, како победата во Големата татковинска војна против нацистичка Германија, истражувањето на вселената и многу други нешта. Мораме да им бидеме благодарни на нашите претци, нашите татковци и дедовци кои изградиле толку голема и моќна држава“, кажа Путин.

Тој оцени дека смета дека идните генерации ќе треба да ја вреднуваат неговата работа како претседател на државата.

„Во моментов тоа не би требало да биде прашање за нас или за мене“, кажа Путин, одговарајќи на прашањето на новинар дали се смета за историска личност.

Тој додаде дека јавното мислење е најдобрата проценка на неговата вредност.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе