Путин: Русија е против милитаризација на вселената, но САД ја сметаат за бојно поле

Русија е постојано против идејата за милитаризација на вселената, но потезите на САД и нивните сојузници ја принудуваат Москва на контрапотези поради растечката закана, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Русија секогаш била против и продолжува да не се согласува со милитаризација на вселената“, кажа тој на владина средба за воените политики. Путин изрази загриженост околу зголемените капацитети на вселенските системи на светските сили кои имаат и воена и цивилна употреба.

„Политичкиот и воениот врв на САД отворено ја сметаат вселената за бојно поле. Развојот на ситуацијата бара од нас зголемено внимание во зајакнувањето на орбиталните капацитети како и ракетната и вселенската индустрија“, истакна Путин.

Руската таканаречена орбитална група е констелација од над 150 сателити, од кои две третини имаат воена употреба. Повеќето се дел од воениот сателитски комуникациски систем, но Русија има и сателити кои ги надгледуваат лансирањата на интерконтиненталните балистички проектили како и тактичките проектили со краток дострел. Овој систем беше „значително надграден“ во последните години и успешно тестиран за време на големата воена вежба во октомври, изјави рускиот претседател.

Неговата изјава е главно реакција на одлуката на НАТО да ја прогласи вселената за официјална воена сфера. За време на самитот во Лондон, на 70-годишнината од постоењето на Алијансата, земјите членки денес ја прогласија вселената за „петта операциска сфера и се обврзаа на одржување на безбедноста на телекомуникациската инфраструктура, вклучувајќи и 5Г“.

Сепак, сѐ уште ништо не е објавено за конкретни чекори или одлуки во таа насока.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе