Путин рече дека Русија предводи во светот со хиперсоничното оружје

Претседателот Владимир Путин денес изјави дека Русија е единствената земја во светот која има хиперсонично оружје, пренесе АП.

Говорејќи на состанокот со врвни воени старешини, Путин рече дека за прв пат во историјата Русија има предност во дизајнирањето на нова класа оружје за разлика од минатото кога каскале зад САД.

Тој рече дека првата единица опремена со хиперсоничниот ракетен систем Авангард ќе биде во служба овој месец, додека хиперсоничните проектили Кинжал веќе се во служба.

Путин за прв пат ги спомна Авангард и Кинжал меѓу другите потенцијални оружени системи во своето обраќање до државата во март 2018 година.

Путин тогаш рече дека Авангард има меѓуконтинентален опсег и може да лета во атмосферата со брзина 20 пати поголема од брзината на звукот. Тој истакна дека можноста на оружјето да го промени и својот курс и својата надморска височина на патот до целта го прави имун да биде пресретнат од страна на непријателот.

Путин денес го опиша Авангард како „оружје на иднината, способно да ги пробие и постојните и потенцијалните ракетни одбранбени системи“.

Кинжал, кој е носен од борбените авиони МиГ-31, влезе во служба на руските воздушни сили минатата година. Путин рече дека ракетата лета 10 пати побрзо од брзината на звукот, има опсег од повеќе од 2.000 километри и може да носи нуклеарна или конвенционална боева глава. Војската соопшти дека е способна да погоди и копнени цели и воени бродови.

САД и другите земји, исто така, работат на дизајнирање хиперсонични оружја, но сè уште не се влезени во служба.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе