Поминала кај Министерството за здравство

Путин рече дека првата вакцина во Русија е одобрена, ќерка му веќе се вакцинирала

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Министерството за здравство на неговата земја ја одобрило првата вакцина против новиот коронавирус во светот, додавајќи дека неговата ќерка веќе ја примила инјекцијата.

Фото: ЕПА

Вакцината, изработена од московскиот институт Гамалеја, денеска доби зелено светло од руското Министерство за здравство, откри Путин. Тој рече дека се надева оти Русија наскоро ќе почне со масовно производство на вакцината против ковид-19.

Тој откри дека неговата сопствена ќерка веќе е вакцинирана против вирусот. Рускиот претседател рече дека неговата ќерка имала мала температура откако ја примила вакцината, но дека тоа брзо поминало.

„Една од моите ќерки ја прими вакцината. Во оваа смисла, таа учествуваше во експериментот. По првото вакцинирање, таа имаше температура од 38, следниот ден - 37 и тоа беше сè.“

Заменик-премиерката на Русија Татјана Голикова рече дека вакцината ќе им биде давана на здравствените работници од почетокот на септември. За пошироката јавност ќе биде достапна почнувајќи од јануари.

Вишиот министер Михаил Мурашко минатата недела објави дека се планира во октомври да почне национална програма за масовна вакцинација. Мурашко додаде дека сите трошоци ќе бидат покриени од владата.

Брзината со која Русија ги врши истражувањата и одобрувањето на формулата предизвика скепса кај Западот, а СЗО дури повика и на претпазливост кон руската вакцина, но Вадим Тарасов, врвен научник на Сеченов, вели дека земјата била во предност бидејќи последните 20 години ги поминала во развивање на вештините на ова поле и во обиди да открие како се пренесуваат вирусите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе