Путин првпат реагираше на одговорот на Западот: „Го игнорираат клучното прашање“

Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека Соединетите Американски Држави и НАТО не ги задоволиле руските барања во врска со Украина, но Москва и понатаму е спремна да разговара. Тоа е првата реакција на Путин на писмените одговори на Западот на руските безбедносни барања, која ја изнел во телефонскиот разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, по неколку недели молчење за кризата.

EPA-EFE

Кремљ објави дека Путин на Макрон му кажал дека ќе ги проучи писмените одговори на Вашингтон и НАТО неделава, пред одлуката за понатамошното дејствување. „Вниманието е свртено кон фактот дека САД и НАТО не ја земале предвид главната грижа на Русија“, соопшти Кремљ. Писмениот одговор сè уште не е објавен, но Лавров вчера кажа дека „јавноста наскоро ќе биде информирана“.

Русите од Западот бараат гаранции дека НАТО повеќе нема да се шири на исток и нема да поставува офанзивно оружје во близина на руските граници. Москва сака „воените капацитети и инфраструктурата“ на Западот да се вратат на состојба пред поранешните држави од Варшавскиот пакт да се придружат на НАТО.

„Клучното прашање е игнорирано – како САД и сојузниците планираат да го почитуваат принципот на безбедносниот интегритет, дека никој не смее да ја зајакнува својата безбедност на штета на безбедноста на друга држава?“, истакна Кремљ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе