Путин: Примената на воената авијација во Сирија помогна во нејзиното усовршување

Борбената примена на руската авијација во Сирија помогна во откривањето на низа недостатоци во техничката состојба на авионите и хеликоптерите, чие откривање беше невозможно за време на тестирањата на полигоните, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Би сакал да го свртам вниманието на нешто што и вие добро го знаете – тоа сепак беше невозможно да се открие во рамки на тестирањата на полигоните“, кажа Путин за време на воено советување за развојот на одбранбено-индустрискиот сектор на Русија.

Рускиот претседател кажа дека до 2028 година треба целосно да се пополнат три авијациски полка со новите авиони сухој Су-67.

„Го ставивме акцентот на развојот и производството на современи летала, кои ќе го одредат борбениот потенцијал на руската воена авијација во следните децении. Во завршна фаза на државните тестирања се повеќенаменските ловци Су-35С и Су-57“, кажа Путин.

Су-57 (претходно познат како ПАК-ФА) е најновиот руски ловец од петтата генерација. Првпат полета во 2010 година, а првата серија од 12 авиони треба да им биде испорачана на воздухопловно-космичките сили на Русија оваа година.

Рускиот претседател истакна дека во последните пет години повеќе од илјада модернизирани авиони и хеликоптери влегле во составот на вооружувањето на руската војска, како и дека сега повеќе од 65 отсто од воздухопловниот парк се нови летала.

„Повеќето од нив се повеќенаменски борбени комплекси за оперативно-тактичка и армиска авијација. Нивните борбени можности беа прикажани за време на операциите против терористите во Сирија. На пример, бомбардерите Су-24М со новиот систем за наведување и навигација употребуваа и обични гравитациски бомби, но и високопрецизно наведувано оружје“, истакна Путин.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе